Во текот на историјата имало многу приказни за познати дијаманти, а една од нив е приказната за дијамантските нараквици на Марија Антоанета, кои успеала да ги испрати во родната Австрија пред нејзиното погубување.
На аукцијата „Magnificent Jewels“, која ќе се одржи на 9 ноември во хотелот „Де Бергус“, ќе има пар дијамантски нараквици кои и припаѓале на Марија Антоанета. Бразлетните имаат 112 дијаманти, а секое парче се состои од дијаманти наредени во 3 реда.
Дијамантите, осудената француска кралица Марија Антоанета, ги купила во 1776 година за 250.000 ливра, што во тоа време се сметало за огромна сума. Наводно платила за накитот продавајќи ги скапоцените камења што ги поседувала, како и со парите на кралот, нејзиниот сопруг Луј Шеснаесетти. Кралицата имала афинитет кон накит, особено дијаманти.
Now all you need is some cake. https://t.co/6ZIazCBBTb
— RobbReport (@RobbReport) September 8, 2021
Историчарот Винсент Мејлан неодамна најде дел во кралските весници од февруари 1777 година што ја потврдува приказната за купувањето на накитот.
Следната година, братучедот на кралицата, Францис II, наредил да се отворат сандакот и да се направи попис на предметите. Меѓу предметите во кутијата биле и нараквиците, кои ќе бидат понудени на аукцијата во ноември.
Two stunning diamond bracelets that once belonged to Marie Antoinette are up for auction https://t.co/ikhfKjwMwJ pic.twitter.com/NoMfJoIshb
— Tatler (@Tatlermagazine) September 8, 2021
Нараквиците и биле предадени на единствената преживеана ќерка на Марија Антоанета, Марија Тереза од Франција, позната како Мадам Ројал, која им ги подарила на своите роднини, грофот и грофицата на Камборд и војвотката од Парма, бидејќи немала потомци.
„Во изминатите 255 години, аукциската куќа Кристи продаде многу историски скапоцени камења од кралските куќи низ целиот свет. Привилегија е да се понудат овие уникатни и исклучителни нараквици на Марија Антоанета“, рече Франсоа Курел, од аукциската куќа.
Според Аукциската куќа „Кристи“, дијамантските нараквици се единствениот семеен накит што содржи дијаманти, а кој припаѓал на Марија Антоанета.
Според проценките на експертите, нараквиците би можеле да чинат од два до четири милиони долари.