Наградна игра на Триглав Осигурување – #БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен

popara21 јули, 20211min0
940x300px

Триглав Осигурување започнува денес со наградна игра под мотото #БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен. Наградната игра им нуди можност на клиентите на компанијата, кои ќе обноват или склучат некој од осигурителните пакети на Триглав, да добијат вредни награди.

Наградната игра на Триглав, #БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен, ги поддржува основните принципи и вредности за коишто компанијата се залага – градење на побезбедна иднина, преку грижа за нашата и сигурноста на нашите најблиски, водење здрав живот и грижа за нашата животна средина.

За наградната игра #БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен

Учество во наградната игра на Триглав ќе можат да земат сите клиенти на компанијата, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе склучат, или обноват полиса за еден од следните осигурителни пакети на компанијата:

  • Триглав комплет
  • Триглав комплет+
  • SOS пакет
  • Доброволно здравствено осигурување / семејно или индивидуално

Наградната игра ќе трае од 21.07.2021 година до 28.09.2021 година. Во тој период ќе бидат изведени 10 неделни извлекувања и ќе бидат доделени вкупно 10 електрични велосипеди, 10 електрични тротинети и 10 ваучери за осигурување, во вредност од по 5 000 денари.

Една од главните стратешки насоки на Триглав е фокусот на клиентите, нивните потреби, но и нивното искуство со компанијата и задоволството, што произлегува од таа соработка. Работиме на тоа да бидеме нивен партнер во животот, да им помогнеме да ја најдат најдобрата осигурителна солуција за нив и за нивните најблиски, но и да придонесуваме што повеќе кон реализација на заложбите на компанијата и на групацијата за одржливо работење. Тоа го постигнуваме спроведувајќи активности кои придонесуваат за подобра животна средина и преку поставување на систем на вредности, според кои работиме за да ги исполниме зацртаните цели. Овој пат одлучивме да ги наградиме нашите клиенти и да им понудиме можност за сигурност и за поздрав начин на живот, а со тоа и да обезбедиме позитивен импакт на животната средина. Веруваме дека ова се витални чекори во градењето на подобра и посигурна иднина за сите нас, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Деталите и правила на наградната игра можете да ги најдете на triglav.mk, а до нив може директно да се пристапи овде.

Да го негуваме, заштитиме и осигуриме нашето здравје, да се грижиме за нашата животна средина.

Триглав Осигурување

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma