Сликите ги красеа ѕидовите на хотелот Белаџо
На аукцијата „Сотби“, која се одржа во Лас Вегас, 11 слики и цртежи на Пикасо се продадени за повеќе од 100 милиони долари.
Овие слики неколку години ги красеа ѕидовите на хотелот Белаџо во тој град, а сега се најдоа на аукција, објави Ројтерс.
Хотелот има уште 12 цртежи и слики на Пикасо кои ќе продолжат да бидат изложени во тој објект.
Највисока цена на аукцијата постигна портретот на музата и љубовница на Пикасо, Мари-Терез Валтер, кој беше продаден за 40,5 милиони долари.
Имињата на купувачите не се објавени.