Урбана оаза: Егзотична пештера со три езера среде градскиот асфалт (ФОТО)

18 јануари, 2021
62020359

Поради различните длабочини на одредени места, бојата на водата под сончева светлина варира од сина до тиркизна, понекогаш смарагдна и создава прекрасен треперлив ефект…

Замислете да шетате низ градот на летните горештини – асфалт, бучава од автомобил, згради, никаде без ладовина… И на само пет метри од вас, скриена зад дрвјата, во зеленилото има освежувачка пештера, исполнета со тиркизни езерца! Тоа не е фатаморгана, само знак дека сте во Доминиканската Република.

Добредојдовте на бисерот на Карибите

Можеби некои би се изненадиле кога ќе дознаат дека Доминиканската Република е најпосетуваната земја на Карибите, додека оние кои веќе биле таму само би мавтале со рака во стил: Па нормално, убаво е! Можеби првите би биле збунети од фактот дека Куба и Јамајка имаат значително помал број на туристи годишно и дека на ниво на Латинска Америка Доминиканската Република го надмина дури и големиот Бразил.

Но, не е тешко да се види зошто оваа мала карипска држава, која ја дели својата островска територија со соседните Хаити, е толку популарна. Долги песочни плажи, прекрасни одморалишта, многу опции за излегување и забава, пријатна клима, многу опции за сместување, домашна фина храна … Сето тоа привлекува туристи, но и дигитални номади кои тука ја наоѓаат својата канцеларија од соништата.

Пештера со три очи

Ако размислувате и за бегство во потоплите региони, да почнеме со обиколка на оваа необична атракција: три езера во пештера наречени „три очи“ или Los Tres Ojos.

Таа е една од најпосетуваните туристички атракции во Доминиканската Република и необично е што се наоѓа во самиот град, помеѓу патиштата и зградите.

Сместена е во главниот град Санто Доминго, а во оваа пештера можете да влезете директно од патот. Паркот во кој се наоѓа има кружен облик, така што до одреден степен формира природен ротор околу кој кружи патот, а е заштитен со дрвја кои формираат природна ограда и го штитат од поглед и бучава. Барем е можно тоа.

Целиот простор изгледа како дупка во земјата, а делумно е и така. Таа е формирана поради тектонски промени за време на кои карпите се срушиле и создале вдлабнатина исполнета со вода. Областа била населена со Индијанци од Таино кои ја користеле пештерата за верски ритуали и церемонии.

Можете е да се спуштите по скалите до пештерата, а има дури и мал брод (поточно сплав) што ќе ве однесе низ езерото. Поради различните длабочини на одредени места, бојата на водата под сончева светлина варира од сина до тиркизна, а понекогаш и смарагдна и создава прекрасен треперлив ефект. Иако е забрането да се спуштате во пештерата ноќе, погледот од висината надолу е прекрасен бидејќи е осветлен со разнобојни рефлектори.

Кога последен пат прошетавте низ градот и одеднаш видовте толку убава дупка во земјата?

escort - Korsan taksi