Близу Доха: Село на духови со само една продавничка кое е најдобро да го напуштите час и половина пред заоѓање на сонцето!

23 ноември, 20220
62424030

На околу час и половина возење од Доха, ќе ве пречека филмската локација среде пустина на полуостровот Зекрит. Film City е буквално вештачко село изградено за снимање – верна реплика на бедуинско место кое е целосно напуштено, и прилично морничаво.

Дури и возењето до тоа необично место не е баш „прошетка во парк“. Острите карпи, пустинскиот песок и дините по некое време ќе отстапат место за песочни карпи и карпи со интересни форми, се додека не го видите катарското село на духови. Во близина речиси и да нема луѓе или автомобили, што го засилува мистичниот ефект.

Филмскиот град е изграден за снимањето на арапската ТВ серија Eyaal Al Theeb (Синови на волкот), која се занимава со битката на две арапски племиња. Една од интересните работи што можете да ги видите е камена колона во форма на печурка.

Филмскиот град не привлекува многу посетители, па затоа не е преполн и најдобро време за посета е пред стемнување, затоа тргнете назад кон Доха најмалку час и половина пред зајдисонце за да избегнете возење по лош пат во темница. Влезната врата не е отворена, може да се влезе од страна. Градот со ѕидини е мал, но сепак има главна порта и градски ѕидини со караули на предната страна.

Откако ќе се најдете на полуостровот Зекрит, можете да ги истражите неговите фасцинантни пејзажи: солени рамници, висорамнини и прекрасни погледи на синиот залив. Доколку се одлучите на такво патување, понесете доволно вода, а корисно е да знаете дека чипс, вода и сок се продаваат во мала продавница во градот, што е добро да се знае ако се ожедни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *