Кинеската традиција на читање лица открива дека положбата на бенките на вашето тело говори за тоа каква личност сте, особено кога станува збор за бенки на вашето лице.
Според ова верување, не е исто кога младежите и бенките се на десната или левата страна на лицето, како и дали се блиску до окото или до усната.
Во повеќето култури бенката блиску до око означува убавина, а еве што значи тоа според кинеското древно верување.
Бенката на веѓите укажува на среќа, богатство и долговечност. Таквите луѓе се сериозни, одговорни, добродушни, расположени и талентирани за работа. Исто така, дамката на ова место често е симбол на личност со развиена емпатија, сочувствителна личност која е подготвена да им помогне на другите на кои им е потребна.
Бенките на горниот очен капак имаат луѓе кои високо ја ценат слободата. Се верува дека таквите луѓе знаат да ги искористат вистинските можности и дека ќе имаат многу можности за развој во животот.
Младежите на долниот очен капак се карактеристични за загрижени луѓе кои имаат богат семеен живот. Во љубовта можат да се соочат со многу предизвици, погрешни избори, но штом ќе ја најдат вистинската личност за себе, ќе живеат со љубов во вистинска смисла на зборот.
Бенката на надворешниот агол на окото сугерира дека личноста е многу шармантна и ќе има многу среќа во љубовта во текот на целиот живот. Исто така, укажува на успех во кариерата кој може да се поврзе со семејниот живот. Жените со бенка на ова место генерално се сметаат за многу привлечни.