Дали некогаш сте се запрашале зошто навечер се будите во исто време?
Поединечното или повтореното будење во 3 часот наутро, на прв поглед може да ви изгледа безопасно, но ако тоа продолжи постојано, еве што значи.
Добри вести: ова не е случајна појава и може да даде јасна слика за тоа што се случува со вашето тело, ум и живот.
1 час по полноќ
- Физички симптоми: Проблеми со циркулацијата, срцето или жолчката.
- Психички симптоми: Не можете да го најдете своето место во животот или се чувствувате несигурно, не знаете како да направите чекор напред и се борите со проблеми што се поврзани со вашиот изглед или тежина.
- Духовни симптоми: Ви треба нов извор на енергија. Давате повеќе одошто добивате за возврат, а тоа доведува до премореност. Не знаете како самите да се усреќите, па тоа го барате од други луѓе.
2 часа по полноќ
- Физички симптоми: Проблеми со дигестијата, поврзани со функцијата на цревата или црниот дроб. Можеби премногу јадете.
- Психички симптоми: Будењето во оваа доба по правило е поврзано со енергетски „џебови“. Често имате проблем со пад на енергијата и ненадеен скок, поради што чувствувате дека можете се’.
- Духовни симптоми: Ослободете се од стравовите или идеите за себе што не се реални. Одново научете ја лекцијата што животот ви ја сервира.
3 часа по полноќ
- Физички симптоми: Проблеми со белите дробови, како што се неспособноста за земање длабок здив и опуштање.
- Психички симптоми: Ви треба совет за изборот на животниот правец. Се будите во часот на вештерките, бидејќи умот самиот бара начин да дознае каде да тргне.
- Духовни симптоми: Ако се будите во оваа доба, можно е починатите лица да се обидуваат да контактираат со вас. Важно е да ги запишете сите мисли и идеи што ви се случиле во овој период од ноќта.
4 часа по полноќ
- Физички симптоми: Проблем со мочниот меур или потење. Ова е време кога вашата телесна температура е најниска, па можеби ви е ладно.
- Психички симптоми: Можно е постојано да се премислувате во животот. Научете да им верувате на луѓето. Отфрлете ги сомнежите од животот.
- Духовни симптоми: Минувате низ период на успех, го менувате својот живот. Влегувате во нова животна фаза.
5 часот наутро
- Физички симптоми: Проблеми со цревата, исхраната…
- Психички симптоми: Не верувате дека заслужувате љубов. Самокритични сте.
- Духовни симптоми: Мора да си дозволите себеси да почувствувате радост. Не размислувајте ниту за минатото ниту за иднината. Фокусирајте се на сегашноста.
Недостигот на сон помеѓу 3 и 5 часот наутро може да укажува на духовно будење.
Останати симптоми:
- Минувате низ големи животни промени.
- Силните емоции ве кршат.
- Се сомневате во себе и во тоа дали сте доволно добри.
- Не разбирате што се случува околу вас.
- Понекогаш сте дезориентирани.
- Имате желба да се изолирате од другите.
Секако дека будењето среде ноќ може да биде предизвикани и од други причини, на пример: деструктивни врски, депресија, проблеми од финансиска природа, семејни проблеми и слично.
Најважно е да си верувате себеси. Одговорот на секој ваш проблем е во вас, само мора внимателно да размислите.