
Едвај го чекаме летото, желни за одмор, на море, сончање, капење во море (и базен), лесна облека и минимална количина шминка на лицето.
И додека во претходните години многу жени очајнички се обидуваа да се ослободат од пегите, одејќи на ласерски третмани или покривајќи го лицето со шминка 27/7, оваа сезона трендот е да се прифати природната пигментација, па дури и да се оди на тетоважа за пеги!
За промоцијата на пегите како симбол на шармот, младоста и убавината, најзаслужна секако е Меган Маркл која на свадбата не дозволи ниту да бидат покриени со шминка.
Во едно од интервјуата таа истакна дека се лути кога медиумите пред објавувањето фотошопираат фотографии и бришат пеги од нејзиното лице.
– Дури и моето куче се лути кога ми го осветлуваат тенот и ми ги бришат пегите – коментирала сопругата на принцот Хари.
Пегите ги истакнуваат и Кајли Џенер и Линдзи Лохан.

Многу дами отидоа чекор подалеку и се одлучија за тетоважи со пеги, убедени дека изгледаат помладо, посвежо и поубаво. Во просек, тетовирањето на пеги чини околу 10.000 денари и треба да се обновува еднаш годишно.
Но, за девојчињата со тетовирани пеги да изгледаат како оние на кои природата им е дарувана зголемена концентрација на меланин пигментот, тие не бараат третман само на образите и носот, туку и на очните капаци, усните, вратот и деколтето.
Тетовирањето е дозволено за сите, освен за трудници, како и за жени кои имаат егзема или дијабетес, кои боледуваат од најтешки болести.