
Актерот Елиот Пејџ откри дека неодамна користел специјална апликација за запознавање која е популарна меѓу јавните личности за да најде љубов.
Имено, актерот се разведе од сопругата Ема Портнер неколку недели откако во декември 2020 година објави дека станал трансродова личност.
Елиот објави фотографија на која лежи на кревет со колешката Рита Арија додека таа му објаснува како функционираат апликациите. Тој додаде дека за прв пат користи такво нешто.
Според странските медиуми, Елиот објавил фотографии на својот профил на популарната апликација за запознавање, една со куче, а една на која позира во џемпер на кој пишува „Заштитете ги транс децата“.

За да се приклучите на апликацијата што ја користи Елиот, треба да добиете покана.
Позната е по тоа што го користат големите ѕвезди како Бен Афлек, Ченинг Тејтум, Дру Баримор и други.