Сликата на унгарскиот уметник крие пиле меѓу патките
Криенката нацртана од унгарскиот уметник Џерџи Дудаш ја предизвикува вашата перцепција и ги тестира вашите вештини за набљудување.
На сликата се гледаат многу патки околу езерце, сено и нивната храна, а предизвикот за вас е да го пронајдете скриеното пиле меѓу патките за помалку од 15 секунди, пренесува „Јагранјош“.
За да го пронајдете пилето, треба добро да се сконцентрирате на сликата, а само оние со одлична моќ на набљудување ќе можат да го најдат пилето во оваа толпа.
Бидејќи и пилето е жолто, тоа ја отежнува работата да се најде меѓу жолтите патки.
Дали успеавте да го пронајдете? На сите што успеаја – честитки, а за што не успеаја, погледнете го решението подолу.