ЗАТЕМНЕЊЕТО НА СОНЦЕТО НА 25 ОКТОМВРИ ЗА ОВИЕ ЗНАЦИ НОСИ ПРОМЕНИ ОД КОРЕН

popara24 октомври, 20221min00
Screenshot_3

Пред нас е последната сезона на затемнувања во 2022 година. Во вторник, на 25 октомври, нè очекува делумно затемнување на Сонцето, а на 8 ноември целосно затемнување на Месечината.

 

 

 

Во астрономијата, тоа обично се смета за период на големи промени. Ова затемнување на Сонцето се одвива во знакот на Скорпија, позната по мрачната и интензивна природа. Токму затоа очекувајте драматични настани и длабински трансформации.

 

Планетарните влијание ве поттикнуваат да се адаптирате на околностите кои на почеток можеби биле тешки, но ќе ви отворат пат за личен раст и развој, како и посреќни искуства.

 

Кои хороскопски знаци најсилно ќе го почувствуваат ова?

 

Бик

Ве очекуваат предизвици во односите со околината. Ако веќе долго сакате да излезете од некоја врска или соработка, сега ќе соберете храброст и ќе донесете одлука.

 

Ова затемнување може да ги зацврсти односите кои биле нестабилни.

 

Лав

Затемнувањето во знакот на Скорпија може да биде најава за промени во вашата домашна динамика. Може да се преселите во друг стан, да му посакате добредојде на нов член во семејството или да го преуредите домот.

 

Некои ќе заминат да живеат во друг град поради добри деловни прилики, но заминувањето во непознато нема да мине без тешкотии.

 

Скорпија

Вашиот живот е прилично интензивен, но вие добро ќе се справите со тоа што доаѓа. За некои, ова затемнување може да значи големи промени во идентитетот, особено за родените во октомври. Неочекувани околности ќе ве тргнат од чувството на летаргија и ќе ве поттикнат да станете подобра верзија на самите себе.

 

Не давајте отпор на промените, без разлика колку и да ви е тешко.

 

Водолија

Ве очекуваат големи промени на професионален план. Можеби сакате да ја напуштите сегашната работа, па почнувате да истражувате дополнителни опции. Некои ќе прифатат унапредување или пак целосна промена на кариерата.

 

Немојте да стравувате дека не сте дораснати на предизвиците, прифатете ги одговорностите кои се нудат. Покажете дека сте спремни да се жртвувате за успех.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma