Дали сте подготвени да го испробате овој предизвик?
Слично на судоку и крстозбор, криенките може да бидат одлична забава за оние кои сакаат да ги подобрат своите ментални вештини.
На оваа пред вас лесно се забележуваат дрвјата, гранчињата и грмушките, но има и девет лица скриени на неа. Многумина лесно ќе забележат некои од лицата на прв поглед.
Но, вашата задача е да ги пронајдете сите девет лица за 11 секунди.
Како што пишува „News18“, само еден процент од сите кои се обиделе да ја решат криенката успеале во тоа за предвидените 11 секунди.
Ако забележавте три или четири лица, веројатно се чувствувате самоуверено.
Но, не заборавајте – вашата задача не е само да ги пронајдете скриените лица, туку и да го почитувате временскиот лимит.
Признаваме, доста е тешко да се најдат сите девет лица во илустрација полна со гранки, грмушки и гранчиња за толку кратко време, но во исто време е и многу предизвикувачки, нели?
Ние ќе ви помогнеме: обрнете внимание на начинот на кој се поставени гранките.
Исто така, погледнете ги грмушките и добро пребарајте ги.
Конечно, некои лица се преклопуваат и не се сите исправени.
Доколку не успеавте да ги забележите во даденото време, погледнете го решението подолу.