Нема страв од провев: Погледнете што се собира во најтесната куќа на светот, широка само 92 сантиметри

popara9 декември, 20222min00
62436693-keretova-kuca

Најтенката куќа на светот се наоѓа во Варшава и е дело на полскиот архитект Јакуб Шчесни. Веднаш штом била завршена во 2012 година, привлекла толпа луѓе кои сакле да видат како изгледа домот, кој има само 92 см во најтесниот дел и 152 см во најширокиот дел, како што е запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Без разлика на скудните 14 квадрати, куќата има два ката со спална соба, кујна и бања. На трпезариската маса можат да јадат само двајца, во фрижидерот има само два пијалоци, а бидејќи нема прозорци што може да се отворат, нема страв од провев.

Куќата на Керет го добила името по израелскиот писател и режисер Етгар Керет, кој бил нејзин прв станар, а бидејќи не ги исполнува локалните прописи, нема ниту дозвола како место на живеење, туку е декларирана како уметничка инсталација. Можете да видите како изгледа структурата со челична рамка сместена меѓу две згради во Варшава помеѓу Chłodna 22 и Żelazna 74, и слободно кликнете на видеото за виртуелно да ѕирнете во куќата на Керет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma