Вљубениците во астрономијата овој вторник вторник ќе имаат можност да проследат редок поглед на целосно затемнување на Месечината и лунарна окултација на Уран.
Оние што ќе го пропуштат овој астрономски настан ќе мораат да чекаат до 8 септември 2025 година кога ќе биде наредното целосно затемнување на Месечината и на 12 април 2038 година за следната видлива лунарна окултација на Уран.
Затемнувањето на Месечината ќе биде видливо во Северна Америка, Јужна, Америка, Австралија и поголемиот дел од Азија. За разлика од затемнувањето на Сонцето, не постои опасност поврзана со гледањето директно во затемнувањето на Месечината.
Лошата вест е тоа што жителите на Велика Британија, Ирска и континентална Европа нема да можат да го проследат затемнувањето затоа што нема да биде видливо од овие земји, иако дел од затемнувањето ќе биде видливо во Северна Скандинавија и делови од Источна Европа.
Во продолжение е дадена анимирана мапа од НАСА која ги покажува регионите од каде што ќе биде видливо затемнувањето на Месечината.
Целосно затемнување на Месечината се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се наредени една покрај друга, со Земјата во средината. За време на затемнувањето, полната Месечина се движи во сенка на Земјата и нејзината површина изгледа малку потемна. Но, сончевата светлина што минува низ атмосферата на Земјата прави Месечината да остане видлива. Резултатот е Месечина која често изгледа црвена или темносива.
Затемнувањето на Месечината обично трае околу еден час, па е многу побавно од затемнувањето на Сонцето.
Треба да се случат вкупно 228 затемнувања на Месечината низ светот помеѓу 2001 и 2100 година: 86 целосни затемнувања на Месечината, 57 делумни затемнувања на Месечината и 85 пенумбрални затемнувања на Месечината.