ХОРОСКОП ЗА 19-ТИ НОЕМВРИ: Вагите мечтаат, а Шкорпиите имаат прилив на енергија

popara19 ноември, 20221min00
ccef90af76f92c450a048d9530905429cb4624e5

ОВЕН

Со арогантен однос ја иритирате околината која има се помалку трпение за вашите испади. Доколку не се соберете на време, во текот на денот може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве засрами. Забавете и прилагодете ја брзината.

БИК

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Во мислите сте далеку бидејќи однапред планирате активности, чија реализација се уште е далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.

БЛИЗНАЦИ

Негативната енергија што ја активирате се собира околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го игнорирате фактот дека ги оптоварувате со вашето однесување и досадување. Не заборавајте, она што го добивате е пропорционално со она што го давате.

РАК

Добивате покана активно да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашето деловно опкружување. Од вас се очекува да бидете пионер во почетоците на нов вид на бизнис и поради некоја причина чувствувате дека тоа не е добро за вас. Слушајте ја вашата интуиција, повлечете се.

ЛАВ

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако тоа е заради важна цел, не е страшно понекогаш да се покорите на желбите на другите.

ДЕВИЦА

Им дозволувате на вашите финансии да го диктираат вашето расположение и динамиката на гледање со луѓето за кои се грижите. Ако ги игнорирате проблемите со парите, ќе разберете дека дебел паричник не е неопходен за дружење и пријатни неформални разговори.

ВАГА

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе треба да жртвувате нешто, а најверојатно тоа е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

ШКОРПИЈА

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во изминатиот период. За жал, во исто време пристигнуваат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

СТРЕЛЕЦ

Не сте во форма, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете се што може да чека поповолен момент.

ЈАРЕЦ

Непланираните трошоци целосно ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот прилив на пари, туку вашето претходно трошење.

ВОДОЛИЈА

На љубовен план се проектира и мечтаењето кое ве обзема. Спуштете се на земја, поради изразените промени на расположението сте почувствителни, што може да ги искомплицира врските и веќе разнишаната врска, да ве доведе во тешко искушение.

РИБА

Намалете ја вашата нетрпеливост и импулсивност на минимум за да избегнете повеќе проблеми. Си давате слобода да барате заслуга што не сте ја заработиле. Време е да ја пронајдете убавината во откажувањето и давањето, дури и ако симболично подарувате ситници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag