ХОРОСКОП ЗА 23-ТИ ФЕВРУАРИ: Овни, денес не потпишувајте ништо, а на Девиците им се насмевнува добивка!

popara23 февруари, 20221min00
9f5871c0ef5f172486b00ce700e8a89e08f0d5f4

Овен

Доколку се најдете во ситуација да купите нешто големо или да потпишете некои многу важни хартии од вредност, бидете внимателни бидејќи не е добар момент за тоа. Може да направите грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.

Бик

Ненадејната средба отвора можност еден стар познаник да прерасне во романса. Трпеливо надминете ги можните потешкотии на почетокот бидејќи се ќе ви изгледа многу хаотично. Во текот на вечерта пристигнува неочекуван пресврт кој ќе ве потресе.

Близнаци

Пред вас е можна мала криза бидејќи врската со саканата личност е сведена на кратки разговори кои обично ги водите на крајот од секој ден. Се лажете ако мислите дека ќе ја поправите работата со долг и исцрпувачки разговор за кој вечерва не е време.

Рак

И на љубовен и на деловен план, денот пред нас е полн со ризични ситуации. Ова бара многу енергија, која инаку ви недостига. Разговорите со одредени луѓе нема да дадат големи резултати.

Лав

Плашејќи се да не ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате на себе. Може да влезете во сериозен конфликт затоа што сте го прецениле вашето трпение. Промените во приватниот живот го нарушуваат и вашето секојдневие.

Девица

На повидок е финансиска добивка која ќе ја ублажи тензијата која ве мачи веќе некое време. Немојте да ве оптоваруваат нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Одложете се што не сте обврзани да завршите денес.

Вага

Конечно би можеле да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го вашето двоумење и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со мажи. Не двоумете се во љубовта, вистинско време е да заземете цврст став.

Шкорпија

Денот го започнувате со грандиозни планови. Ја ловите секоја можност повторно да се наметнете како конкурент на луѓето кои ве претекнале. Ова ве соочува со комплицирани задачи, кои доколку не ги решите може да испаднат смешни. Не се жалете.

Стрелец

Незадоволството од љубовта се заканува да стане причина за сериозен конфликт помеѓу вашата сакана и вас. Вистинската причина за сè лежи во тоа што веќе извесно време врската ја сведете на преписки и телефонски разговори, кои се главно оскудни.

Јарец

Ако имало некои недефинирани врски кои досега не сте ги разјасниле, вечерта носи вистинско откровение. Добивате неочекувано охрабрување од личност која не ја очекувавте. Време е да се опуштите, но избегнувајте алкохол.

Водолија

Внимавајте на трошоците, потребно е внимателно и темелно да го распределите секој денар. Невработените треба да се обратат за помош кај своите пријатели. На крајот на денот, пристигнува олеснување и силна морална поддршка од постар член на семејството.

Риба

Доколку имате проблематични врски во работната средина, овој ден ви носи вистинско откритие. По прераспределбата на задолженоста, добивате неочекуван поттик од личност која досега не била пријателски настроена кон вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma