ОВЕН
Кога рационално би ја анализирале својата позиција, би признале дека не е толку лоша. Проблемот е што имате тенденција да кукате и критикувате, па околу себе собирате такви луѓе. Слушајќи ја околината, паѓате во песимизам кој, всушност, воопшто не е ваш.
БИК
Врската со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби малку ве разгалиле, па несвесно сте влегле во улога на жртва на која се ѝ е дозволено. На другата страна може да ѝ здодее таквата атмосфера, а кога ќе сфатите, ќе биде предоцна.
БЛИЗНАЦИ
Добивате подарок од партнерот. Одлично време е привремено да ги закопате секирите и да размислите како да ги решите вашите недоразбирања. Доколку ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.
РАК
Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да ги одмерите работите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.
ЛАВ
Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.
ДЕВИЦА
Може да влезете во конфликти и проблеми со соработниците. Вашата кариера би можела да тргне надолу доколку не се вклучите и не преземете решителни чекори. Не ги продлабочувајте непријателствата со луѓе од кои зависите.
ВАГА
Вашиот однос кон обврските изгледа премногу опуштено. Вршете ја вашата работа поодговорно и без непотребни разговори. Малкумина знаат дека вашиот хумор е, всушност, одбранбен механизам, бидејќи на друг начин не можете да ги скриете вашите стравови и напнатост.
ШКОРПИЈА
Ви се враќаат самодовербата и оптимизмот. Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да ги рестартирате активностите со луѓе кои ги елиминиравте пред некое време. Вашата убедливост може да донесе резултати ако сте искрени за се.
СТРЕЛЕЦ
Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот прилив на пари, туку вашето претходно трошење.
ЈАРЕЦ
Ве вклучуваат во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултат на вашата претходна вклученост во туѓите проблеми. Нормално не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутете, размислете за вашата одговорност во сето ова.
ВОДОЛИЈА
Некој немир ви се вовлече во мислите, не можете да сфатите што е тоа што ве мачи. Напнатоста ви оневозможува да ја видите ситуацијата каква што е, па затоа најдобро е да ги избркате тешките мисли и да го поминете денот со пријателите, забавувајќи се во дружење и муабет.
РИБА
Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе ве изненадат неповолни детали кои не сте ги разбрале на време. Најдобро е да ги намалите трошоците на минимум и да воведете краткорочни остри заштеди.