
Астролозите велат дека луѓето родени во хороскопските знаци Шкорпија, Близнаци и Вага многу лажат. Со нив никогаш нема да бидете „на чисто“.
Способни се да излажат за секунда!
Шкорпија
Многу е чудно што личноста родена во знакот на Шкорпија, од една страна, во основа мрази лаги, а од друга страна е склона кон лицемерие. Честопати, луѓето од овој хороскопски знак се преправаат дека се кротки како јагниња, додека во одреден момент не испаднат дека се страшни и опасни волци.
Во самата астролошка природа на мистериозната и таинствена Шкорпија лежи желбата да се скрие нејзиниот вистински карактер. Многу често, дури и најблиските луѓе на претставниците на овој знак не ја разбираат сосема јасно нивната вистинска суштина.

Близнаци
Неспособноста на луѓето родени во знакот Близнаци да ги споделат своите вистински чувства и мисли прави многу луѓе да ги доживуваат како лицемери.
Близнаците не сакаат да ги разочаруваат другите и поверојатно е да им кажат пријатна лага отколку да ги вознемират со непријатна вистина. Претставниците на овој хороскопски знак создаваат впечаток на искрени и доверливи личности, но тоа често излегува како погрешен впечаток. Близнаците никогаш не кажуваат што мислат за одредено прашање додека не го слушнат мислењето на мнозинството за тоа.

Вага
Вагите се лицемери број еден во целиот Зодијак. Тие секогаш ја знаат вистината за нештата, но никогаш нема да го кажат тоа што го гледаат или чувствуваат доколку може да предизвика некаква „забуна“. Вагите имаат тенденција да ги закопуваат главите во песокот како ноеви и да не се вклучуваат во никаква дебата или полемика, бранејќи го ставот во кој веруваат.
Претставниците на овој астролошки знак се многу големи манипулатори и прават се за другите да се чувствуваат добро, само за да не го нарушат сопствениот мир и спокој.