Првата полна месечина во 2023 година не очекува во празничната бадникова ноќ, помеѓу 6 и 7 јануари во 00:09 часот, во знакот Рак. Одлична можност да се потсетиме што ни е навистина важно и за што навистина се грижиме.
Полната месечина се појавува на средина помеѓу ретроградниот Меркур и ретроградниот Марс, што може да донесе одредено ниво на напнатост. Ретроградниот Марс и Меркур може да бидат предизвикувачка комбинација што нè остава да се чувствуваме збунето, со нејасни мисли и чувства и тешко ни е да одиме напред. Можеби дури и чувствуваме дека за секој чекор што го правиме напред, мораме да направиме неколку чекори назад.
Енергијата на хороскопскиот знак Рак често се прикажува како чувствителна, нежна, емотивна, но не смееме да ја заборавиме храброста на овој знак, кој е подготвен да застане и да ги заштити сите оние што ги сака.
Затоа полната месечина во Рак е одлична можност да се потсетиме на она што ни е навистина важно. Која е вашата мотивација? Зошто го правите тоа што го правите? Оваа прва полна месечина во новата година е одлично време да размислите за начини како да внесете повеќе хармонија во вашиот живот.