Голем љубовен хороскоп за јули: Бик препирки и напнатост, Девица актуелна врска без перспектива, филмска романса за Водолијата

popara4 јули, 20231min00
Screenshot_7

Лав – Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да не се врзувате за никого, но и покрај тоа, можна е кратка авантура со некој помлад од вас.

 

 

 

 

Кој ќе биде расположен за љубовна авантура, а кој се надева дека ќе добие свршенички прстен до крајот на месецот? Што велат ѕвездите – каков ќе биде месец јули за хороскопските знаци на љубовен план?

 

Љубовен хороскоп за јули 2023:

Овен

Ако сте во врска

 

Отворено ќе покажете дека сте љубоморни. Нема да ви се допадне ако забележите дека партнерот комуницира со некоја личност за кој мислите дека му се додворува и пробува да ви се вмеша во врската. Иако мислите дека реагирате со право, расчистете ги работите зад затворени врати, а не во јавност.

 

Ако сте слободни

 

Подготвени сте за нова љубов, без оглед дали тоа ќе биде само авантура или нешто сериозно. Сепак, ако почне да ви се додворува некој што е многу повозрасен од вас или некој што ви е надреден на работа – одбијте го. Не ви требаат комплицирани односи, туку мирна и стабилна љубов.

 

Бик

Ако сте во врска

 

И покрај тоа што имате партнер, некој помлад во вашето опкружување нема да крие дека му се допаѓате. Неговото однесување може да биде толку нападно, што дури и ќе размислувате да ги прекинете сите контакти. Ова може да ви ја уништи врската во која што сте, па одлуката да се дистанцирате е најверојатно најдобра.

 

Ако сте слободни

 

Јули ви нуди можност за многу интересни љубовни средби, па дури и за паралелна врска. Нема да можете да одберете еден конкретен партнер, бидејќи сите ќе ви бидат забавни. Сепак, до крајот на месецот ќе сфатите дека не можете да се растргнете на сите страни, па на крајот е можно да прекинете да се гледате со сите.

 

Близнаци

Ако сте во врска

 

Ова е месец во кој ќе почнете да размислувате за брак или ќе почнете да разговарате со партнерот за заеднички живот, особено ако сте подолго време заедно. Ако во одлуките почнат да ви се мешаат семејствата, веднаш „пресечете ги“ и кажете им дека за сè ќе се договорите вие како пар, без нив.

 

Ако сте слободни

 

Можно е да запознаете некој што живее во странство, а кој е дојден во државава, и да доживеете страсна авантура. Од вас, потоа ќе зависи дали ќе ја продолжите комуникацијата или сè ќе заврши за само неколку дена. Ако сепак продолжите да комуницирате, бидете подготвени на сите предизвици што ги носи врската на далечина.

 

Рак

Ако сте во врска

 

Во текот на јули се можни проблеми со партнерот и тензии кои ќе траат цел месец. Ова може да ја разниша вашата врска, но пред да се решите за екстремни чекори, обидете се да ги решите несогласувањата. Разговарајте отворено за сите проблеми. Но, што и да ви се случува во врската, не им раскажувајте на пријателите за тоа.

 

Ако сте слободни

 

Расположени сте за флерт, особено со некој од вашето деловно окружување. Доколку и таа личност не е во врска, направете го првиот чекор. Ако е во врска, откажете се од намерата со време. Некои Ракови, пак, ќе решат да бидат сами уште некое време и покрај тоа што постои некој што е заинтересиран за нив.

 

Лав

Ако сте во врска

 

Ова ќе биде месец со многу предизвици за вас, бидејќи ќе сакате да смените некои работи од темел. Некои Лавови можеби ќе прекинат долгогодишна врска или ќе поднесат барање за развод. Размислете со студена глава пред да направите нешто драстично за да не се каете по некое време.

 

Ако сте слободни

 

Во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да не се врзувате за никого. И покрај тоа, можна е кратка авантура со некој помлад од вас. Ако однапред знаете дека е само забава, внимавајте да не се заљубите и да си го искомплицирате животот.

 

Девица

Ако сте во врска

 

Во текот на месецот ве очекуваат неколку поголеми караници со партнерот. Не одете со главата низ ѕид за да истерате некои работи по свое. Вашата тврдоглавост може само да ги искомплицира работите. Прифатете компромис за доброто на двајцата.

 

Ако сте слободни

 

Ќе ве привлече некој многу помлад од вас. Иако на прв поглед ова ќе ви делува комплицирано, сепак ќе решите да му дадете шанса и да се забавувате додека тоа ви одговара и на двајцата. Ова е одличен период за љубов, особено во последната седмица од јули.

 

 

Вага

Ако сте во врска

 

Месецов ќе сакате сè да биде по ваше и ќе го излудувате партнерот. Ништо кај неа/него нема да ви се допаѓа, па како намерно да барате причина за кавга. Сепак, работите ќе се смират во втората половина на јули, а вие ќе го смените вашето расположение.

 

Ако сте слободни

 

Иако не сте во врска, некои од вас ќе сакаат да стапат во брак. Затоа посериозно ќе почнат да размислуваат да најдат потенцијален партнер со кој ќе почнат сериозна врска, а не само забава. Некои ќе почнат дури и да користат и апликации за пронаоѓање партнер или да бараат од пријателите да им организираат состаноци на слепо.

 

Скорпија

Ако сте во врска

 

Овој месец наместо љубов, кај вас ќе доминира љубомората. Воздржете се од испади и љубоморни сцени со партнерот, особено ако сте на јавно место каде што сите може да ве видат, бидејќи тој може да реагира бурно и тоа да ги влоши работите меѓу вас.

 

Ако сте слободни

 

Имате чувство дека овој месец ќе можете да заведете кого и да посакате, но не е така. Вашиот шарм и сексапил нема да влијаат исто кај сите, па можно е да ве одбие некој што многу ви се допаѓа. Не се разочарувајте, следниот месец ќе биде одличен на љубовен план.

 

Стрелец

Ако сте во врска

 

Овој месец нема да се случува ништо големо на љубовен план. Ќе уживате во времето поминато со партнерот, без оглед дали сте дома, на прошетка, во кино или кафуле. Но, како што одминува месецот ќе почнете да размислувате за заедничко патување на кое би отишле до крајот на летото или на почетокот на есента.

 

Ако сте слободни

 

Неколку луѓе од спротивниот пол отворено ќе ви кажат дека сакаат да бидат со вас, ќе ве поканат да излезете на состанок, но вие во јули како да не сте расположени за љубов. Времето ќе сакате да го поминете во патување со друштвото или само да седите дома наместо да излегувате. Размислете убаво – можеби некој сепак заслужува да му дадете шанса.

 

Јарец

Ако сте во врска

 

Цел месец ќе се трудите да му угодите на партнерот за да се искупите за некоја грешка што ја направивте во минатото. Иако ова од вас ќе бара да вложите многу напор, сепак, на крајот упорноста ќе ви се исплати. Испланирајте романтичен викенд пред крајот на јули.

 

Ако сте слободни

 

Некои слободни Јарци ќе имаат интересна средба на работа, со некој нов колега. Ова може да се претвори во сериозна врска во иднина. Но, повеќето Јарци месецов ќе бидат расположени само за флерт и опуштено дружење. Па дури и ако запознаете некој нов и интересен, нема да сакате да се врзувате.

 

Водолија

Ако сте во врска

 

Во дилема сте што да правите на љубовен план – дали да ја продлабочите врската или да ја прекинете. Нешто што се случи изминатиов период ве мачи, па не знаете како да се поставите во однос на партнерот. Не ги форсирајте работите, до крајот на јули ќе знаете што сакате.

 

Ако сте слободни

 

Ќе запознаете неколку интересни личности што ќе ви се допаднат и ќе сакате да поминувате време со секој од нив. Ова ќе ви биде многу напорно, па по 2-3 средби, ќе знаете дали сакате да почнете врска со некого, или сè ќе остане на флерт и опуштено дружење. Не се форсирајте, летото е пред вас.

 

Риби

Ако сте во врска

 

Овој месец сè ви оди од рака, а партнерот делува заљубено, како и на почетокот на врската. Што и да побарате од него, ќе се потруди да ви го исполни. Ова ќе ви се допадне, бидејќи сакате да ве разгалуваат. Искористете го поволниот период за да уживате во љубовта.

 

Ако сте слободни

 

Ова е поволен период да почнете нова врска. Затоа, ако неодамна запознавте некој што ви се допаѓа, дајте му шанса да ви се приближи. Бидете отворени за љубов. Но, повеќето Риби сепак ќе се решат да уживаат во летото, и нема да бараат ништо повеќе од минлива авантура.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma