Знаете ли што е „никсен“: Холандската тајна за среќа која ја практикуваме и на Балканот

28 мај, 20230

Додека шетаме во природа или седиме на клупа и не правиме ништо, всушност практикуваме „никсен“, холандски тренд кој настана како начин за справување со стресот. Никсен не упатува да не правиме ништо и едноставно да дозволиме умот да талка каде сака.

Никсен е глагол на холандскиот јазик кој потекнува од „никс“, збор што значи „ништо“. А Холанѓаните, исто како и нивниот јазик, се практични и директни. Иако звучи парадоксално, никсен нè прави попродуктивни бидејќи паузите од бурата на идеи ни овозможуваат да се одмориме и, според тоа, подобро да се фокусираме.

Соодветно на тоа, во Холандија не се поттикнуваат прекувремени часови за да луѓето да бидат поефикасни на долг рок. За мозок во добра форма, Холанѓаните препорачуваат некоја форма на физичка активност, по можност во природа, како трчање, шетаење или возење велосипед.

Дури и во големите градови како Ротердам, Хаг или Амстердам, не мора да патувате далеку за да стигнете до места за рекреација. Во соработка со холандскиот железнички систем, создадена е мрежа на пешачки рути до кои лесно се стигнува со воз или друг јавен превоз. Долги се меѓу 7 и 22 километри, што ги прави совршени за еднодневно патување. А со оглед на многуте клупи на патот, паузата е најдобра за да се практикува никсен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi