Забавувајте се и проверете дали имате „соколово око“
Името кое секогаш се поврзува со интересни криенки е секако Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф.
Унгарскиот уметник често нè чести со криенки и загатки и ги интригира корисниците на Интернет, бидејќи неговите скриени предмети никогаш не е лесно да се најдат.
Овој пат Дудолф нацртал грст есенски лисја во нијанси на црвена, кафена и портокалова боја. А некаде, во тој куп лисја, има и четири вешто скриени јаболка.
Бидејќи се во боите на листовите, практично е невозможно да се забележат, а ваша задача е да ги пронајдете и да го соборите актуелниот рекорд, кој е само 20 секунди.
Дали ги гледате?
Не? Погледнете добро уште едно…
Доколку сè уште не сте ги забележале, погледнете го решението на видеото подолу.