Оваа математичка задача го збуни интернетот: Дали го знаете точниот одговор?

popara1 февруари, 20231min00
Screenshot_1

На „Твитер“ започна расправа поради математичка задача споделена од страна на корисник на социјалната мрежа. Корисниците се обидуваат да објаснат кој е точниот редослед на математичките операции при решавањето на оваа задача за 11-годишници. Според некои, точниот одговор е 1, а според други 4.

 

 

 

Наставничката Ана Мастерсон објаснила дека се добиваат различни одговори во зависност од редоследот на математичките операции.

 

– Училиштата денес учат дека прво се решаваат заградите, а потоа делењето, множењето, собирањето и одземањето – објаснила таа.

Мастерсон го понудила првото решение: 36:3(8-6) = 36:3×2 = 12×2 = 24, Потоа 24 се дели со 6, со што се добива 4.

 

Меѓутоа, другата опција дава различно решение: 36:3(8-6) = 36:3(2) = 36:6 = 6. Потоа 6 би се поделило со 6, што дава резултат 1.

 

Мастерсон вели дека поточно решение е првото бидејќи поголемиот дел од калкулаторите го следат редоследот на сметање кој го дава тој резултат. Што мислите вие, кој е точниот одговор?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag