Астролошките прогнози за февруари најавуваат добивки за родените во знакот на Бик, Стрелец и Јарец, но не од игри на среќа, туку благодарение на добрите деловни можности.
Биковите кои работат на нов проект може да очекуваат дополнителни приходи до крајот на зимата. Астролозите ги советуваат да се грижат и за своето здравје бидејќи нивната упорност и посветеност може да ги исцрпи.
Февруари ќе биде најуспешен месец во годината за Стрелците. Тие треба внимателно да ги разгледаат понудите и да ги искористат максимално за да ги подобрат своите финансии.
Некои од припадниците на овој знак би требало да се впуштат во нови работи иако досега не ги работеле бидејќи имаат повеќе креативност и талент отколку што мислеле.
Во текот на следниот месец, Јарецот ќе ги жнее плодовите од својата минатогодишна работа и треба да ги вложи парите или во недвижен имот или во друга профитабилна инвестиција.
Ако се прашувате кои хороскопски знаци ќе имаат пари до 4-ти февруари, тоа се Водолијата, Рибите, Вагата и Лавот.
Венера влезе во Риби, а Сонцето е во Водолија, но поради Уран во Бик на сите ни е јасно дека треба да бидеме штедливи и претпазливи кога се во прашање паричните вложувања.