Сигурно сте запознале луѓе кои немаат никаков срам и се прилично отворени кон другите, како и луѓе кои се срамежливи и црвенеат секогаш кога им е непријатно пред другите.
Ако се препознавте во втората група, веројатно за срамежливоста е виновен вашиот хороскопски знак. Проверете кај кои хороскопски знаци срамежливоста е едноставно вродена.
Рак
Иако се прават силни пред другите, Раковите всушност се многу емотивни и најмногу се срамат да ги покажат нивните чувства. Кога не успеваат да ги задржат за себе мислат дека средината поради тоа ги осудува и се чувствуваат засрамено.
Девица
Девиците се големи перфекционисти и сакаат да имаат сè под контрола бидејќи се плашат од неуспех. Ако нешто згрешат за нив е тоа голем срам и не можат срамот да го сокријат од другите.
Вага
Вагите се отворени и искрени па истото го очекуваат и од другите. Токму поради слепата доверба во луѓето често се чувствуваат изиграно и засрамено, бидејќи другите ја искористуваат нивната наивност.
Риби
Рибите по природа се многу нежни и чувствителни, доволно е само некој да им се обрати и да се вцрвенат од срам. Поради тоа родените во знакот на Риби обично имаат проблеми при запознавање нови луѓе.
Јарец
Јарците се амбициозни и одговорни, живеат според правилата и ретко се препуштаат на моментот. Кога тоа ќе се случи подоцна им станува срам бидејќи отстапиле од личниот режим и се опуштиле.