Овен
Важно е да не престанете да се трудите и вложувате труд во вашата работа. Тоа ќе ви се исплати за вашето време и енергија. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите со саканата личност. Можно е вашата врска да паднала во криза. Можна е вознемиреност.
Бик
Пред вас е поволен период за нов деловен проект или за било каква нова инвестиција. Ве очекува период кој може да ви донесе крај на емотивната врска со која не сте доволно задоволни. Можни се проблеми со бубрезите.
Близнаци
Подгответе се за компликации кога е работата во прашање. Денеска ќе имате многу проблеми. Можно е да немате време да се посветите на партнерот и тој тоа да го протолкува како заладување. Намален имунитет.
Рак
Можно е да имате голем стрес и неочекувани промени на работа. Пред вас е неповолен ден. Подгответе се за важен разговор со саканата личност која има одредени очекувања од вас. Проблеми со видот.
Лав
Можно е да имате некој помал проблем на деловно поле и поради тоа да бидете под стрес. Доколку сте во брак, ве очекува неповолна фаза за односот со партнерот. Болки во стомакот, дигестивни проблеми.
Девица
Можно е да имате некои проблеми на работното поле кои не ги очекувате денес. Пред вас е можност за факултативна авантура или за минливо познанство кое нема многу да ви значи. Вашите бели дробови се чувствителни.
Вага
Пред вас е период кој може да ви донесе нови деловни можности. Подготвени сте за важни промени на ова поле. Можно е саканата личност да не ви ги прости грешките кои сте ги направиле во минатото. Грижете се за вашата тироидна жлезда.
Шкорпија
Можеби нема да можете да ја добиете промоцијата што ја сакате. Доаѓа фаза кога ќе треба да покажете трпение. Денеска можете да очекувате партнерот да ви ја покаже својата љубов и внимание. Можна е несвестица.
Стрелец
Не сакате да се откажете од целите што си ги поставувате на ова поле. Сакате од се да излезете како победник. Доколку сте слободни, можете да се надевате на добри промени на полето на љубовта. Можни се проблеми со притисокот.
Јарец
Ако сте премногу импулсивни, денес може да имате некои расправии на работа. Размислувате за брак и ве очекуваат некои важни разговори со саканата личност. Подготвени сте за посериозни одлуки. Внимавајте во сообраќајот.
Водолија
Може да очекувате дека ќе можете да донесете нови, важни одлуки кога станува збор за работата. Ако сте во заедница, ќе имате помалку проблеми со саканата личност. Недовербата ве дели. Ве мачи вкочанетоста во пределот на вратот.
Риби
Многу е важно да се посветите на работата доколку сакате денес да постигнете добри резултати на ова поле. Ви се допаѓа личност која покажува дека и тој има одреден интерес за вас. Грижете се за чувствителна кожа.