Направете си домашна крема од магдонос која е хранлива и здрава за кожата и полна витамини и минерали.
Ви требаат 2 лажици сечен магдонос, 1 лажиче сок од лимон и 200 милилитри вода.Се става магдоносот во вода и се вари 15 минути на тивок оган, па се вади од оган и се лади, се процедува и се става лимонов сок.
Се става во стаклено шише и се држи во ладилник 5-6 дена.
Се користи наутро и навечер за најдобри резултати.