Извршниот директор на „Хајнекен“ тврди дека пиењето пиво може да помогне во „победувањето“ на осаменоста

popara26 октомври, 20251min00
b_251025030

Извршниот директор на Хајнекен, Долф ван ден Бринк, вели дека улогата што ја игра пивото во дружењето треба да се земе предвид во дискусиите за штетноста од алкохолот.

Тој верува дека во време на „епидемија“ на осаменост и проблеми со менталното здравје, важно е да се истакне фактот дека пиењето пиво ги зближува луѓето.

„Пивото е една од најстарите, ако не и најстарата, стока за широка потрошувачка“, изјави тој за „Фајненшл тајмс“, истакнувајќи дека луѓето се собирале и пиеле пиво во Месопотамија и древен Египет.

Светската здравствена организација (СЗО) води кампања против умерената консумација на алкохол. Долф ван ден Бринк вели дека дискусијата за влијанието на умереното пиење е „легитимна“, но недостасуваат детали.

„Веруваме дека не се известува подеднакво, за да се претстави целата слика, бидејќи врската помеѓу алкохолот и здравјето е сложена“, рече тој.

Маркетингот на „Хајнекен“ со децении се фокусираше на социјализацијата и тој вели дека тоа е дел од суштината на неговите производи.