
Целта на оваа мерка е да се обезбедат средства за одржување на чистотата на улиците, како и за изградба на нови паркови за кучиња и нивните сопственици.
Италијанскиот град Болцано, на северот од земјата во подножјето на Доломитите, воведува нов данок за сопствениците на кучиња од почетокот на следната година.
Туристите кои доаѓаат во градот со своите миленици ќе плаќаат такса од 1,50 евра дневно. Во исто време, локалните жители со кучиња ќе мора да издвојуваат и 100 евра годишно по миленик.
Според градските власти, целта на оваа мерка е да се обезбедат средства за одржување на чистотата на улиците, како и за изградба на нови паркови за кучиња и нивните сопственици.
Си-Ен-Ен потсетува дека веќе има градови во Италија кои им наплаќаат на туристите за влез за да го ублажат притисокот од прекумерниот туризам, но Болцано оди чекор понатаму – воведува посебен данок и за кучиња.