YouTube и понатаму е на врвот на листата на апликации кои корисниците ги внесувале во пребарувачот Google во текот на претходната година, објави порталот World Statistic.
На второ место е WhatsApp, на трето е Facebook, а во првите пет се уште ChatGPT и Gmail.
Во топ 10, според пребарувањето на Google, се и Netflix, Canva, Twitter и Roblox.
Интересно е што „Х“ (новото име за Твитер по промената на сопственикот) не се наоѓа во најбројните пребарувања, а ChatGPT се наоѓа на две места, со празно место и без празно место во името.