
Земјотресите и свлечиштата го менуваат изгледот и релјефот на најубавиот остров во Грција, Санторини, како и на останатите острови од архипелагот Додеканез. Така, познатата Црвена плажа на островот исчезна поради земјотреси кои предизвикаа лизгање на земјиштето.
Серија силни земјотреси со денови ги тресат островите Санторини и Аморгос, како и околните острови. Сеизмичките уреди забележаа многу земјотреси, од кои најсилниот, еден од трите последователни земјотреси со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, се случи на 4 февруари 2025 година, пренесува РТС.
Земјотресите предизвикуваат голема загриженост, создавајќи страв и паника кај населението на островот. Неколку илјади луѓе беа евакуирани од островот со авиони и бродови.
Црвената плажа во Санторини е позната по црвениот песок и вулканските карпи. Многумина ја сметаат за симбол на островот. Поради земјотресот и свлечиштето, плажата е затворена за посетители.
До Црвената плажа можеше да се стигне од археолошкиот локалитет Акротири и од морето. Како што се гледа на дел од снимките објавени на социјалните мрежи, камењата се тркалаат по карпите и паѓаат на плажата.
Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού
🖇️ https://t.co/LlVgbyJeBH#σεισμος #Σαντορινη #σεισμός #Σαντορίνης pic.twitter.com/h5Np5JwXeQ— in.gr/news (@in_gr) February 4, 2025
Како што рече Никос Зорзос, градоначалникот на Санторини, сеизмичката активност може да трае со недели, а геолошките служби велат дека е реално да се очекуваат посилни земјотреси.
Атанасиос Ганас, директор на Геодинамичкиот институт, истакна дека земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што го потресе островот пред 24 часа, дал нова енергија на раседот. Земјотресите во Санторини и околните острови би можеле да продолжат уште две недели.
„Активноста на земјотресите го зголемува хидротермалниот проток во вулканите, а тоа се разликува од вулканските ерупции. „Затоа мислам дека не постои сценарио во кое вулканот би се разбудил“, вели научникот Костас Папазакос.