
Фризурата на овој начин секогаш излегува феноменална.
Верувале или не, со овој мал трик ќе се будите секое утро со совршени локни, и сето тоа без многу напор. Додека спиете, фризурата се прави сама по себе.
Сè што треба да направите е малку да ја намокрите косата, од средината до краевите, и да нанесете малку пена. После тоа, завиткајте ја косата во висока пунџа, а преку неа можете да ставите кеса или капа за туширање, за да не се распадне во текот на ноќта.
Ако имате сунѓер за правење пунџи, завиткајте го секое праменче околу него, за локните да бидат подобри.
Наутро, само спуштете ја косата и малку олабавете ја. Фризурата на овој начин секогаш излегува феноменална.
Овој трик е одличен за оние дами кои имаат малку подолга коса, додека на кратка коса нема да даде најдобри резултати, велат фризерите.
Освен што ќе се разбудите со совршена фризура, врзувањето на косата во пунџа е добро од уште 2 причини. Вашата коса ќе се кине помалку, што се случува кога се превртувате во сон, а ќе спречите и статички електрицитет што се јавува по спиењето.