
Фотографија од стан од СФРЈ јасно покажува како изгледал еден просечен југословенски стан. Мал телевизор, голема софа, фотелји и полица за книги честопати биле во центарот на вниманието во дневната соба, додека тепихот ја заокружувал топлата и домашна атмосфера.
Но, еден детаљ особено го привлече вниманието на сите на интернет – машината за пишување до софата. Овој конкретен предмет предизвика носталгија кај многу луѓе и ги потсети на времето кога пишувањето на хартија беше секојдневна рутина, пред компјутерите и лаптопите да станат стандард во домовите.

Фотографијата беше објавена на Фејсбук страницата „Носталгија“ и веднаш предизвика лавина од коментари, бидејќи сцените од минатото сè уште ни носат насмевка на лицата, но исто така нè потсетуваат на поедноставен живот.