Каде заврши „познатиот“ црвен тепих по Оскарите: Објавата на TikToker собра милиони прегледи

popara20 март, 20262min00
b_260319016

Црвениот тепих на Оскарите е симбол на луксуз за многумина, и за филмските работници и за модните гуруа. ТикТокерот Пејџ Талија откри каде завршува по церемонијата.

Иако многумина претпоставуваат дека Академијата за филмски уметности и науки го враќа тепихот во складиште по церемонијата и го користи повторно следната година, тоа не е случај, туку завршува во ѓубре. Сепак, овој пат беше исклучок бидејќи ТикТокерката одлучи да земе дел од него дома со себе.

„Пред неколку ноќи го шетав кучето покрај театарот Долби додека го подготвуваа за Оскарите. Тукушто се преселив во нов стан и барав тепих, но не можев да најдам ништо што не е премногу скапо“, изјави таа за Њујорк Пост.

По завршувањето на церемонијата на Оскарите, обезбедувањето ѝ дозволи да се приближи до контејнерите и да земе дел од црвениот тепих, а фотографиите ги сподели на ТикТок.

@hellopaigethalia

I would like to thank the Academy… for this free rug

♬ original sound – Paige Thalia 💐

Нејзината објава досега собра 5,5 милиони прегледи на споменатата социјална мрежа и повеќе од 800.000 лајкови.

„Ова е хит. Може да се забележи дека познатите личности газеле по вашиот тепих“, „Зошто не ги изнајмат наместо да ги купат и фрлаат?“, „Зошто не ги користат повторно?“, се некои од коментарите.