
Современиот начин на состанување донесе бројни промени во љубовните врски, но и нови правила на однесување што им пречат на многумина.
И додека првите љубовни состаноци порано беа можност за искрен разговор и запознавање, денес се повеќе луѓе признаваат дека брзо губат интерес поради навика што стана речиси секојдневна. Постојаното користење мобилен телефон за време на состанок навистина го одвраќа потенцијалниот партнер.
Многумина веруваат дека нема ништо понепријатно од ситуација во која лицето постојано проверува пораки, одговара на известувања или прелистува низ социјалните мрежи за време на разговор. Таквото однесување остава впечаток на незаинтересираност и често испраќа порака дека телефонот е поважен од лицето што седи спроти него.
Експертите за врски предупредуваат дека вниманието и присуството играат клучна улога во создавањето привлечност. Кога некој постојано гледа во екранот за време на состанок, другата страна може да се чувствува запоставена или непосакувана. Поради ова, многумина одлучуваат да не ја продолжат комуникацијата по првата средба.
Проблемот е дополнително влошен од потребата да се објавува секој момент на социјалните мрежи. Фотографирањето храна, снимањето на атмосферата или објавувањето детали од состанок може да изгледа симпатично, но многу луѓе го сметаат за непријатно и површно. Сè повеќе луѓе велат дека сакаат спонтаност и искрен разговор, а не чувство на учество во содржини за социјалните мрежи.
Психолозите велат дека модерната технологија, иако ги поврзува луѓето, може да го оштети и квалитетот на меѓучовечките односи. Контактот со очи, активното слушање и интересот за другата личност се особено важни на романтичните состаноци. Овие мали нешта често одредуваат дали ќе се развие врска меѓу двајца луѓе.
Интересно е што многумина денес ја наведуваат способноста да се спушти телефонот и да се фокусира на моментот како пожелна особина. Во ерата кога сите се постојано онлајн, целосното внимание стана реткост, но и едно од најатрактивните нешта на состаноците.