Носеше фустан од чипка, но ништо под него! Сите гледаа во ќерката на Синди Крафорд

popara13 март, 20261min00
Каја Гербер

Фустанот за кој сите зборуваат.

На гламурозната забава на списанието  „Vanity Fair“ што се одржа во Лос Анџелес во пресрет на Оскарите, се појавија бројни млади ѕвезди, но манекенката Каја Гербер, ќерка на познатата супермоделка Синди Крофорд, привлече посебно внимание.

Ексклузивниот настан беше организиран во популарниот бар „Marmont“ во Холивуд. Оваа забава со години се смета за една од најпознатите и најпосетуваните во неделата пред Оскарите.

Фустанот што ги привлекуваше сите погледи

Каја се појави во мини фустан од чипка со спуштен струк, кој се разлеваше и беше во набори. Фустанот ги истакнуваше нејзините витки нозе. Проѕирната чипка му даде на изданието доза на сензуалност, а длабокото деколте привлече многу внимание бидејќи Каја не носеше ништо под фустанот!

Својот стајлинг го комплетираше со класични црни чевли со високи потпетици. Долгата коса ја стилизираше во нежни бранови кои паѓаа преку рамената, додека шминката беше минимална и природна, со акцент на очите.

Комплиментите се налеваа

Фотографиите од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, а многумина коментираа за нејзиниот изглед и стил. „Секогаш убава“, „Иста мајка“, „Никогаш не пропушта комбинација“ и „Што и да носи, секогаш изгледа совршено“, се само дел од коментарите што се наредија под фотографиите на Каја.

Каја Гербер денес е една од најбараните млади модели во светот. Се појави на модната сцена како тинејџерка и почна да работи со најголемите модни куќи. Често се споменува нејзината голема сличност со нејзината мајка Синди Крофорд, една од најпознатите супермодели од 1990-тите.