
Влијае на намалување на холестеролот
Овој витамин е поврзан и со намален ризик од срцеви заболувања.
Имено, друга студија покажа дека луѓето кои консумираат големи количини цитрусни овошја имаат 28 проценти помала шанса да добијат срцев удар.
Подобро е да се јаде овошјето отколку да се пие како сок.
Консумирањето цитрусни овошја помага и во намалувањето на нивото на холестерол, па затоа е препорачливо да се консумира целото овошје наместо сок, бидејќи потребната супстанца, хесперидин, кој е одговорен за регулирање на холестеролот, се наоѓа во кората во белата мембрана.
Бројни студии покажаа дека исхраната богата со цитрусни овошја штити од многу болести, имено рак, артритис, срцеви заболувања и дијабетес.