
Ако почетокот на постудениот дел од годината нè научил нешто, тоа е дека боите не треба да се врзуваат исклучиво за одредени годишни времиња.
Ако почетокот на постудениот дел од годината нè научи на нешто, тоа е дека боите не треба да се врзуваат исклучиво за одредени годишни времиња. Меѓу неочекуваните избори беа лавандата, кобалтно сината и црвената, а сега им се придружи и пудресто розовата нијанса.
Ким Кардашијан пристигна на трката за Големата награда на Сингапур оваа сабота за да го поддржи својот партнер Луис Хамилтон, возачот на Ферари, а за таа пригода избра проѕирен фустан до подот во пудра боја кој ни го привлече вниманието.
Овој изглед носи свежина на бојата што беше тренд за пролет и лето. Ким Кардашијан носеше фустан без ракави со ролка од колекцијата пролет 2024 на Алаја.
Ким Кардашијан во розова комбинација


Времето на ова појавување е особено интересно откако Лу Роуч, стилистот на Зендаја, во септември објави дека соработува со Ким Кардашијан.
За нејзиното прво појавување во улога на негов клиент, тие избраа комбинација од ерата на Том Форд во куќата „Сен Лоран“. Сепак, познатиот холивудски стилист сè уште не потврдил дали учествувал и во создавањето на овој стајлинг, пишува Elle .
Детали
Ким Кардашијан ја надополни комбинацијата со сребрени чевли Paris Texas Lidia mule и розова чанта Hermès Mini Kelly во иста боја со препознатливите метални детали Chrome Hearts. Ким Кардашијан се појавува сè почесто на трките во Формула 1, како пример за поддршка на Хамилтон.