
Бел фустан кој плени на прв поглед.
Актерката Сидни Свини се појави во Венеција во сосема поинаков изглед од вообичаеното. Не ги откри градите, не се разголи целосно.
Овој пат, Сидни Свини привлече внимание со елегантен бел фустан, долг до колена, без прерамки од модната куќа „Шанел“, кој го искомбинираше со кафеава чанта и впечатливи очила за сонце.

Кројот на фустанот што го носи актерката може да биде одлична инспирација за сите девојки кои бараат фустан за свадба, полнолетство или некоја друга церемонија. Без непотребни детали, светки и комплицирани кроеви, овој модел остава доволно простор за прилагодување на изгледот на вашиот личен стил.
Со елегантни сандали и дискретен накит, добивате целосно празнична комбинација, додека со ефектни обетки и мала чанта лесно можете да постигнете погламурозен изглед.
Сидни уште еднаш покажа дека за добар моден ефект не ви требаат многу детали, понекогаш е доволен само добро кроен фустан.