Јапонка напишала на Твитер: Татко ми ми кажа дека оди во смрт за да имам иднина

popara18 март, 20111min00
japannuclear
Ги запрев солзите кога слушнав дека мојот татко доброволно се јави да оди во нуклеарката “Фукушима“. Рече дека тоа е негова мисија и дека иднината зависи од тоа што ќе го направи. Никогаш не сум била погорда на него, објавила на својот профил на мрежата “Твитер“, една млада Јапонка, чиј татко е еден од 50-те доброволци кои се обидуваат да ја спречат нуклеарната катастрофа во Јапонија, објавува АФП, пренесува Нетпрес.
Маж на возраст од 59 години, чиј идентитет не се открива требал да оди во пензија за шест месеци. Тој речиси целиот животен век го поминал работејќи во нуклеарката и знаел дека заминувањето во “Фукушима“, за него и за останатите 49 луѓе, ќе значело сигурна смрт. Некои медиуми поради тоа веќе ги нарекле камикази, а некои херои кои се жртвуваат за да го спасат својот народ.
“Нивните тела се потполно озрачени. Ќе добијат леукемија или рак. Знаат што ги чека и запознаени се со сите ризици, поради што нивната одлука да останат во нуклеарката и да помогнат во надминувањето на хаваријата, ги прави уште поголеми херои .Знаат дека голем број на луѓе ќе умрат ако дозволат да се растопат реакторите. Мораме да им бидеме благодарни повеќе од тоа што сме им“, изјавил на Си-ЕН-ЕН, американскиот стручњак за радијација, доктор Ира Хелфанд.
Германските стручњаци, пак, велат дека работниците-херои ќе умрат за неколку недели. Состојбата во нуклеарната централа “Фукушима“ и денеска е многу тешка. Одредени стручњаци тврдат дека случувањата се веќе надвор од контрола, а другите, пак, веруваат дека состојбата уште не е толку драматична, како што пренесуваат странските агенции и медиуми.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma