Кејт Мидлтон на својата свадба ќе пристигне во истата кочија со која принцезата Дајана пред 29 години се омажи за принцот Чарлс. Во Лондон се вршат последните подготовки за кралската венчавка која треба да се одржи на 29 април.
Покрај тоа што младенците ќе се возат во истата кочија како родителите на принцот Вилијам, од палатата Вестминистер кон Бакингамската палата ќе тргнат со истиот автомобил во кој принцот Чарлс одел на своето венчавање.
Иако за венчавката се познати многу детали, се уште не се открива модениот дизјанер кој ќе ја креира венчаницата на новата принцеза.
Извор: Нетпрес