Пред неколку дена Ванеса Брајант, сопруга на NBA кошаркарската ѕвезда, Коби Брајант, поднела барање за развод, по повеќе од 10 години врска во која имаат две ќерки.
Причина за разводот е неговото неверство, а Венеса наводно се пожалила на своите пријателки дека сопругот ја изневерувал со околу стотина жени.
Всушност, во моментов главно прашање е како ќе се подели имотот на овој пар, бидејќи не потпишале никаков предбрачен договор на почетокот на врската. Но, според законот во Калифорнија, имотот во ваков случај се дели 50- 50%, а според шпекулациите Ванеса може од бракот да заработи околу 100 милиони американски долари.