Пинк освоила дополнителни симпатии од љубителите на животни откако во медиумите излезе веста за тоа дека спасила живот на отфрлено кученце. Пејачката на интернет се сретнала со приказна за кученце кое некој го исфрлил покрај мостот во Лос Анџелес и го оставил со три скршени нозе.
Пинк потрошила 5.000 долари за да плати за операцијата која му го спасила животот на кученцето, како и останатите медицински трошоци. По операцијата кученцето си најде и нов дом.