Венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Влијам беше проследена од страна на милиони луѓе ширум светот, но вистинското прашање е што да им подарите на кралската двојка која веќе има сè?
Во текот на својата турнеја, принцот Вилијам и Кејт добиленекои навистина необични подароци од своите домакини. Па така на листата на необични подароци се најдоа вреќа за спиење, кукла, наочари за скијање, намаз од пивски квасец.
Палата Св. Џејмс го објави целосниот извештај на подароци кој се протега дури до 14 страници. Сите овие подароци ги добилеза време на посетата на Канада и САД.
За принцот Вилијам биле наменети манжетни, пилотска кацига, елек, додека Кејт добила плетен шал со црквени мотиви, корпа, врамени канадски печат и пердуви од паун.
Но тоа не е се. Кралската двојка на турнејата во Канада добиле: скапоцени пенкала, дрвена кутија за нараквици,две значки од поларните мечки, порцелански кукли, фустани и јакни, рачно насликана свила,корпи од прачки, средство против комарци, три пара чевли, шише виски, социјални игри, влезници за парковите во Канада, четири тањири, дрвена кутија во која се чува тутун, детски цртежи, три црвени дресови за хокеј, книги, каубојски шашки, изграчки за кучиња…
Во Америка добиле подарок, плишани мечиња, iPad, подметачи за вино, обетки, филмови на DVD, специјални медали.
Додека во Австралија добиле накит, опрема за крикет, шапки, монети, вреќа за спиење, дрвен часовник…