Кина наскоро ќе го добие милионитиот милионер

popara13 април, 20111min00
china
Кина наскоро би требала да го добие својот милионити милионер, пишува денеска весникот “Чајна дејли“, повикувајќи се на националниот годишен извештај за богатствата, пренесува Нетпрес.
Врз основа на извештајот за 2011 година, кој е објавен вчера, Кина има 960.000 милионери, а богатството на секој од нив се проценува на најмалку 1,5 милиони долари. Тоа е зголемување на бројот на милионери за 9,7 отсто во однос на минатата година.Главни причини за зголемувањето на бројот на милионери се растот на цените на недвижностите и брзиот раст на бруто домашниот производ.
Во извештајот се наведува дека 55 отсто од кинеските милионери го створиле своето богатство во приватниот сектор, додека 20 насто од нив се шпекуланти на пазарот на недвижности. Околу 15 отсто од милионерите се берзански “гуруа“, а останатите 10 проценти се раководители со високи примања.
Првиот годишен извештај за богатството во Кина го правел институтот Хурун во 2009 година и тој покажал дека најмногубројната земја во светот тогаш имала 825.000 милионери.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag