Актерката Салма Хајек се појавила во Париз во Прада музеј каде ги воодушевила присутните со чипкан фустан кој ја истакнувал нејзината фигура. Оваа 45 – годишна актерка изгледа неверојатно за свои години.
Хајек важи за позната личност за која не е врзан ниту еден скандал ниту желба за испади. Актерката со мексиканско потекло внимателно ја градеше кариерата, а сега е најактивна во ангажманите за анимирани филмови и нивната промоција низ целиот свет.
Најпосакуваната актерка во Холивуд е омежена и има едно дете, а активно ги промовира и кремите за анти-стареење.
Во фустанот од чипка со малку подлабоко деколте, појас околу половината и црни високи потпетици и бујна коса настрана од лицето, Салма изгледа подобро од било кога.
Хајек, исто така давала и изјави во кои отворено се противи на промовирањето на слаби девојки како моделите низ целиот свет, како и употребата на Ботокс.