Актерката Пенелопе Круз се приклучи на подолгата листата на холивудски ѕвезди кои се соблекоа за ПЕТА.
Како заштита на животните, асоцијацијата ПЕТА, остро ги напаѓаат поединците кои носат облека од вистинско крзно, а многу ѕвезди со својот ангажман се обидуваат да помогнат во подигање на јавната свест за овој проблем.
Така и Пенелопе снимила реклама и тоа оваа недела, а иако таа сеуште официјално не е објавена, актерката еден од постерите објавила на Twetter профил.
На фотографијата позира така што гледа преку голото рамо, а на постерот стои слоган: “Дајте крзно за ’ладното рамо’”.