Само очекувањето е вечност! И ние чекаме цела безкрајност, за да го изживееме за миг она, што толку долго сме го чекале…Запомни: Мигот не трае повеќе од миг! За никого и никогаш…
Затоа,
Искористи го краткотрајниот миг! Тој наскоро ќе изчезне. И независно дали од него ќе остане длабока рана или злато, тој никогаш нема да се врати во истата облека!
Патот на животот – светот прави пат на оние што знаат каде одат. За да научиш да леташ, треба да имаш храброст да скокнеш! А знаете ли како животот не учи на ова?
Приближете се до работ! – ни вели тој.
Тие одговорија – Страв ни е!
Приближете се до работ! – вели повторно тој.
Тие се приближија.
Тој ги бутна и тие научија како да летаат…
Кога бев мала мајка ми постојано ми повторуваше, дека е најважно во животот да бидеш среќен.
Кога тргнав во училиште, не прашаа сите, што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Јас одговорив – Среќна!
Тогаш ми рекоа – Ти не си го разбрала прашањето…
А јас одговорив – Не! Вие не сте го разбрале Животот…