Иако немаме ништо против поголемите ланци на хотели, тимот на попара.мк повеќе ги преферира помалите и не толку познати хотели. Еден од нашите лични фаворити стана Kube хотелот кој е лоциран во преубавиот Париз.
Дизајниран од Рејмонд Морел и Кристијан Дерој, овој хотел има такви елементи кои ги оставаат неговите гости превоодушевени. Има 26 соби и 15 апартмани. Секоја соба има џакузи, прекрасен кревет кој има LED светла под него кои ги менуваат боите, и секако преубави глетки од неверојатниот Париз. Навистина прекрасен хотел!