За да го заживеат пазарот една данска агенција за недвижности понудила подарок автомобил на сите оние кои ќе купат куќа до први мај.
Директорката на оваа агенција Д. Андерсен изјавила дека оваа понуда се однесува на недвижностите во предградието на Копенхаген за кои има мал интерес. Понудата опфаќа автомобил од 13.500 евра за купување на куќа од 2,5 милиони крупни.
Инаку, автомобилите кои подлежат на многу даноци во Данска, се втори на листата најголеми трошоци за едно семејство , по купувањето дом.
„Ако сакаат нешто навистина да им понудат на луѓето, би било подобро да ги намалат цените на становите“, изјавил директорот на здружението на потрошувачи Расмус Кјелдал.